Според наводите на странските медиуми, раперот Kanye West на својата девојка Kim Kardashian постојано ѝ дава модни совети.
Целта на советите е полесен избор на облека за старлетата. Еден неименуван извор вели:
– Kanye често разговара со Kim за нејзиниот стил на облекување. Тој смета дека таа треба повеќе да се облекува како него и дека треба повеќе да „ризикува“ со изборот на облека. Често ѝ вели дека треба да еволуира како модна икона. Според него, Kim премногу често одбира „сигурна“ облека, па тој се обидува сам да ѝ понуди „смели“ комбинации. Ја поттикнува да биде похрабра при изборот.
Јавноста говори и за нивниот наводен брак, но Kim сеуште не е официјално разведена од Kris Humphries.