ШоуБиз

Kanye West вербално напаѓа фан!

Раперот Kanye West вербално нападнал еден свој обожавател, бидејќи користел зелен ласер за време на концертот.

West бил гостин на концертот на Jay Z во склоп на турнејата „Watch the Throne“, кога во еден момент запрел со пеењето и нападнал една личност од публиката.

–          Не се зае***** со тој ласер во позадина. Дај, олабави малку! – извикал Kanye.

Музиката за следната песна веќе била почаната кога раперот ја запрел бидејќи обожавателот и понатаму си играл со ласерот.

–          Го гледате тој човек со зелемиот ласер? Не се зае******* на нечиј настап. Ова не е***а игра, – викнал Kanye уште еднаш.

На негодување на публиката се запалиле светлата и раперот продолжил да зборува.

–          Ние не функционираме на тој начин. Ќе те исфрлам оттука за миг. Затоа олабави малку, – довикнал West.

Write A Comment