Мојата кујна

Капучино колач

Ова е колач кој се подготвува многу лесно, а ќе успее да ви ги разбуди сите сетила.

Потребни состојки:

–       3 кутии пишкоти

–       4 пудинга од ванила

–       1 литар млеко

–       1 маргарин

–       250 гр шеќер во прав

–       еден овошен јогурт

–       една кесичка капучино

–       2 лажици бел еурокрем

Подготовка:

Сварете го пудингот со млекото и кога ќе се згусне тргнете го од оган да се излади. Кога ќе биде ладен додадете му ја смесата од изматен маргарин и шеќер во прав. Додајте го овошниот јогурт, кремот и малку капучино. Сето тоа убаво имзешајте го. Пишкотите потопете ги во млеко, во кое претходно го ставивте капучиното. Поставете ги пишкотите на еден сад, па одозора премачкајте ги со филот. Одозгора може да декорирате со овошје или овошен прелив.

Напиши коментар