Здраво тело

Кари – Волшебниот прав кој значи здравје…

Во Индија се кажува дека кари е уметност, вештина, трпение и чувство за мерка. Тоа е всушност магичен зачин кој од се може да направи вкусно јадење…

Карито содржи каранфил, цимет, ѓумбир, оревче, црн пипер, чили пиперки, фенигрика ( грчко сено ), ким, турмерика ( жолт корен ) и кардамом ( билка од родот ѓумбир ). Односот на состојките е причината за големиот вкус. Зрнестите зачини претходно се загреваат бидејќи токму тогаш го испуштаат вистинскиот мирис. Потоа се мелат и се мешат со останатите зачини.

Познати се повеќе од 200 вида кари ( од благ до лут ). Доста е пикантен и служи како додаток во разни сосови и преливи, особено за месо и зеленчук.

Најновите истражувања покажуваат дека исхраната богата со кари може да го заштити мозокот од стареење и да ги подобри когнитивните функции. Кари поседува противвоспалителни својства и својства на антиоксиданс и е добар во спречувањето на Алцхајмеровата болест. Дури и најмала количина ги подобрува когнитивните способности.

Напиши коментар