ШоуБиз

Карлеуша има проблем со меморијата или со лажењето?

Пред неколку дена Јелена Карлеуша се реши да признае еден многу интересен и исто толку чуден факт за себе. Таа раскажа нешто за себе и за нејзиниот коефициент на интелигенција, кој го претстави како многу висок, раскажа за невообичаената должина на прстите, и за тоа дека никогаш до сега не пробала торти и колачи. Никогаш во животот.

Тоа толку го испровоцира човекот кој е убеден во спротивното што веднаш и објави видео снимка од нејзината свадба со Бојан Кариќ, во кое Јелена јаде од невестинската торта. Или има проблем со лажењето, или пак Јелена се решила тој брак и се што е поврзано со него да го избрише засекогаш од меморијата.

img

Напиши коментар