Нашата Каролина е повторно заљубена, а избраникот на нејзиното срце е Гркот Нико кој живее во Битола и има фабрика за текстил.
Каролина Гочева и богатиот Грк се во врска веќе четири месеци. Тие се запознале во едно кафуле во Битола. Поради своето семејство, 2-месечната внука Луција и поради новиот дечко, Каролина сè повеќе време поминува во родната Битола.
– Убаво ми е со дечкото во Битола, заедно сме веќе четири месеци, – бил краткиот коментар на убавата пејачка.
Минатото лето, Каролина раскина со бизнисменот Јован Пановски, па кратко потоа изјави и дека не е некоја трагедија ако никогаш не застане на „лудиот“ камен.