ШоуБиз

Kate Hudson тајно се венчала!

Актерката Goldie Hawn, која е мајка на Kate Hudson, им дала до знаење на новинарите дека нејзината ќерка неодамна тајно се венчала.

Goldie изјавила дека не се грижи поради тоа што нејзината ќерка се омажила за рокер, сѐ додека работите меѓу нив одлично функционираат. Kate и музичарот Matt Bellamy, кој што е фронтмен на бендот „Muse“, се верени веќе подолго време, а имаат и заеднички син по име Bingham.

–          Моите деца се одлични родители, имаат одлична родителска етика и поради тоа многу се гордеам со нив, – изјавила мајката на Kate.

–          Кога мојата ќерка се венча со рок ѕвездата, не се загрижив. Важно ми е само нивниот однос да е добар, останатото не е воопшто важно, – ѝ излетало на Goldie во интервјуто.

Таа не сакала да открие други детаљи од тајната венчавка на ќерката.

Напиши коментар