Дали ви се верува дека ова ѝ се случи на Kate Middleton?
Војвотката од Кембриџ е забележана како го носи истиот светло розев фустан, кој чини 2.000 долари, по втор пат во само 11 дена. Класичниот фустан е креација на Emilia Wickstead.
Прв пат го носела фустанот предминатиот петок на еден прием во замокот Виндзор, а овој пат, односно вчера, го репризирала истиот фустан на една забава во Бакингамската палата. Единствената разлика е што вчера решила да ја разбие монотонијата со интересна шапка и бисерни обетки.
– Го имам носено претходно, како што веќе сите знаете, – се пошегувала Kate со репортерите.
Вие што мислите, смее ли една дама од нејзин калибар да си го дозволи ова?