ШоуБиз

Kate Upton со сопствена линија бикини!

Таа не е само дел од насловната страна на списанието „Sports Illustrated“; таа сега стана и креаторка.

Се работи за манекенката Kate Upton (19) која креирала сопствена линија костими за капење и тоа за брендот „Beach Bunny“.

Kate веќе неколку сезони со ред е заштитно лице на оваа модна компанија,  а сега самостојно направила своја колекција и одлучила дека најдобро ќе биде сама да ја рекламира и промовира. Доколку ве интересира цената на еден костим за капење со потпис на Kate Upton, треба да знаете дека горниот и долниот дел се продаваат одвоено и дека чинат од 135 до 155 долари по парче.

Малку соленко, а?

Write A Comment