Kate Winslet ја краси насловната страница на италијанското издание од списанието „Vanity Fair“ за месец јуни.
На актерката ѝ е даден остар поглед со помош на темната шминка и црниот, светликав фустан од кој се открива длабоко деколте. Во списанието, Kate буквално по илјадити пат била запрашана за нејзината фигура. Таа, како и секогаш, успева со умешност да одговори.
– Подобро да кажам дека и мене ми е здосадено да зборувам за тоа, што на сите им е јасно: ништо се нема променето. Од друга страна, важно е повторно да кажам дека ние не сме изложени на нормален живот како и останатите. Искрено, помеѓу жените што јас ги знам нема таква што носи ХЅ величина. А, не извинете, заборавив. Ќерка ми ја носи таа величина. Поентата е што Mia има само 11 години.
На крај додава од интервјуто:
– Многу сум задоволна за мојот задник!

