ШоуБиз

Katherine Heigl во јавност со второто посвоено дете Adalaide!

Katherine Heigl и нејзиниот сопруг Josh Kelley за прв пат ја покажаа нивната ќеркичка во јавност. Исто така, открија дека нејзиното име ќе биде Adalaide.

Парот уште пред еден месец објави дека посвоиле мало девојче, три години по посвојувањето на ќерката Naleigh од Јужна Кореа.

Гордите родители не губеа многу време, Веднаш посакаа да ја покажат приновата во семејството, па сите заедно позирале за списанието „Hello!“. Heigh изјавила дека со нетрпение очекувале вести за раѓањето на малата Adalaide, а кога таа се родила со приватен авион одлетале до САД да си ја земат.

–          Од прилика знаевме кога треба да се роди, но тие работи понекогаш се непредвидливи. Бевме возбудени и кога ни се јавија, веднаш заминавме во САД. Беше толку малечка. Кога ја зедов во раце, се чувствував неверојатно.

Двојката планира да посвои уште едно дете од октомври.

Инспирацијата за името Adalaide Marie Hope Kelley има и значење. Бабата на Heigl се викала Adalaide, Marie е средното име на актерката, а Hope поради надежта што им ја дала на двајцата.

Напиши коментар