Крцкави, солени залчиња за неверојатно неделно уживање со пријателите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама зелени маслинки( без семка )
1 чаша лебни трошки
1 чаша брашно
1 јајце
МАТЕРИЈАЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА МАСЛИНКИТЕ:
150 грама сирење ( по желба )
Сол
Бибер
Мешан зачин ( Вегета)
СОС :
1 шолја мајонез
сенф
4 ситно сечкани кисели краставички
1 чешне ситно сечкан лук
1 лажица црвен пипер
1 лажиче табаско сос
1 средено голем ситно сечкан целер
ПОДГОТОВКА:
Сосот се подготвува со едноставно мешање на сите состојки.
Сирењето со помош на виљушка испасирајте го додека не добие текстура како крем сирење. Потоа посолете, ставете бибер по желба, оригано и зачини по ваш вкус. Со овој материјал наполнете ги маслинките со помош на готварски шприц.
Сите други преостанати состојки измешајте ги за да добиете сос, кој подоцна ќе биде сервиран заедно со испржените маслинки.
Секоја маслинка извалкајте ја во брашно, па во изматено јајце и на крај во лебни трошки.
Пржете во поголема количина средно загреано масло додека маслинките не добијат златна боја.
Сервирајте ги на чинија заедно со претходно подготвениот сос.