ШоуБиз

Katy Perry без шминка! :)

Знаеме дека сите вие сакате да се уверите дека и најпознатите фацки се само обични луѓе. Токму поради тоа, ви ја прикажуваме оваа фотка, на која Katy Perry е без шминка.

Пејачката нема ништо против тоа да биде фотографирана без шминка – во едно од промотивните видео клипови за нејзиниот претстоен документарец „Part of Me“, Katy ги пробува костимите без трошка шминка на себе. Ни пудра, ни маскара, ни руменило!

–          Мислам дека е редно да почнеме да ги разбиваме предрасудите дека доколку сакаш да ги оствариш соништата мораш секогаш да бидеш совршен и без маани. Не можете да живеете во замислен свет. Поради тоа, одлучив да ја претворам својата приказна во филм, – изјавила пејачката во емисијата на Ellen DeGeneres.

И што мислите за Katy без шминка?

Напиши коментар