Според најновите вести, изгледа Katy Perry одлично го пребродува периодот со разводот и разделбата од Russell Brand.
Овој пат се работи за Robert Pattinson кој изгледа е фатален по многу женски срца. На сите ни е познато дека тој е во врска со Kirsten Steward, но како што се дознава, тој секоја вечер разговарал на телефон со пејачката.
Тазе разведената Katy нашла утеха во атрактивниот и згоден актер.
– Не се ни малку романтични. Katy за сѐ му верува и во него гледа вистински пријател на кого може да му каже сѐ што ја мачи, – тврди изворот.
