Е вакви вести сигурно не очекувавте: Nicole Richie повторно си го поврати своите облини и сега изгледа далеку понормално од пред само неколку години.
Тогаш многумина ѝ замеруваа за прекумерно слабото тело на кое буквално можеа да ѝ се избројат сите коски, а таа упорно продолжуваше со забавите до доцна, без да признае дека навистина е морбидно слаба.
Сега, Nicole докажа дека созреала и пораснала, па одлучила дека е крајно време да си го доведе телото во нормална состојба. Успеала да додаде неколку килограми и тоа да ги распореди токму на потрбните места.
На првата слика, таа е забележана во Мајами како ужива на сонцето. Инаку, Nicole (30) е мајка на две деца.
