Мода

Каубојските шешири повторно ќе бидат „ин“

Познатиот бренд Мошино на Миланската модна ревија ја претстави својата најнова и навистина разиграна колекција за наредната зима. Највпечатлив моден детал од целата ревија секако беа веќе одамна заборавените каубојски шешири кои брендот се обидува повторно да ги врати во мода.

Колекцијата на Мошино е мешавина на модерниот и на стилот од 60-тите. Во оваа колекција главно преовладуваат црната, белата, жолтата и сината боја. Освен каобојските шешири, впечатливи се и големите панделки и златните кружни обетки.

Сигурни сме дека оваа навистина интересна колекција, која се состои од мини здолништа, сакоа, капути и фустани ќе биде вистински хит кај модните фанатици.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv