Убавина

Кавијар нокти – хит оваа пролет

Светските модни текови изненадија со последната „одлука„ дека оваа пролет хит маникир ќе биде така наречениот кавијар маникир.

Таман помисливме дека по cracking и металик лаковите, трендовите на маникир веќе нема да не изненадат, на светската модна сцена се појави уште поголемо изненадување.

Овој оригинален маникир, се разликува од неговата конкуренција по поголемата ефектност која ја нуди. Постапката е едноставна се нанесува црн лак кој треба да се исуши, потоа слој лепило за нокти и на крај се нанесуваат ситните светкави бисерни топчиња.

Колку овој вид маникир е практичен и дали ќе го здогледа светлото на денот на овие простори ќе видиме во периодот кој следува!!!

Ние предлагаме Вие одлучете… ефектот е повеќе од одличен!!!

Напиши коментар