Веќе подолго време тренд е венчавката да биде на некоја егзотична дестинација каде гостите ќе бидат најтесниот круг на блиски луѓе. Наместо да се фрлаат купишта пари за да се нахрани цела „војска“ луѓе кои повеќето сме ги виделе неколку пати во својот живот, ова е далеку подобра варијанта.
Големите вериги хотели и ресорти веќе работат во тој правец и создаваат прекрасни индивидуални вили кои се изнајмуваат само за вас и вашиот најсреќен ден во животот. И верувајте ќе се погрижат да биде и незаборавен. Еве едно такво место, ви го претставуваме Conrad Bali – луксузна дестинација за венчавка и романтична прва заедничка ноќ…










