Убавина

Кажете збогум на масната коса !!!

Масната коса е доста чест и би рекле, доста здодевен проблем кај многумина…Со  современиот начин на живот кој налага обврски во загадена средина, сите напори во борбата против масната коса се безуспешни. Сигурно сте се увериле дека разните шампони, маски и козметички помагала…скоро, не донесуваат никакви резултати.

Не е исклучено дека сте пробале некој бабин рецепт…но дали сте пробале со прашок за пециво ???

Звучи неверојатно но шампонот со прашок за пециво е одличен за оние кои имаат проблеми со масната коса, бидејќи истиот ја суши. Неговата најголема предност е што го решава проблемот со првут и разните нечистотии како последица на хемикалиите кои секојдневно ги нанесувате на косата.

Она што треба да го направите е следново: Помешајте половина шолја прашок за пециво со три чаши вода. Така, ќе имате домашен шампон кој ќе може да се употребува за неколку миења а можете да го чувате во пластична кутија. Потоа, прашокот за пециво измијте го со половина шолја јаболков оцет. Можеби ќе забележите дека Вашата коса чудно влијае на оваа комбинација, но проблемот ќе се реши само по неколку денови. Станува збор за хемикалиите од Вашиот купен шампон кои го уништуваат темето кое е заслужно за природните масла кои ја хранат косата.

Исто така немојте секојдневно да ја миете косата. Миењето на косата секој втор ден ќе помогне Вашата коса да биде здрава и сјајна.

Напиши коментар