ШоуБиз

Кејт Хадсон со совршено тело по бременоста :)

Актерката неодамна се породи, но не ѝ требаше многу време за да си ја врати истата линија од пред бременоста. Кејт Хадсон изгледа одлично, задоволна е во својата кожа, а тоа го покажа и на плажите во Мексико.

Актерката моментално ужива во рајот со вереникот Метју Беламиј, а нема сомнеж дека 32-годишната Кејт го привлека сето внимание на репортерите и присутните само кон себе. Во костимот за капење ги покажала сите атрибути со кои располага.

Во дводеленото шарено бикини, Кејт уште еднаш докажа дека има фантастично тело и дека бременоста на неа не оставила видливи траги.

Синот на Кејт се вика Бингам, а од претходниот брак со рокерот Крис Робинсон, таа има уште еден син по име Рајдер.

Напиши коментар