ШоуБиз

Кејт Мидлтон шапка-личност на годината! :)

Каква чест?

Асоцијацијата за шапки ја прогласило Кејт Мидлтон за шапка-личност на 2011 година, што значи дека во изминатава година нејзините шапки биле вистински моден погодок и останатите љубители на овој вид на моден додаток треба да се огледаат на неа.

Војвотката од Кембриџ пред да го добие признанието била во борба за првото место со Рејчел Зои, НиЈо, Џастин Тимберлејк, Бруно Марс и Чарли Шин. За жал, тие не можеле ни за малото прсте да ѝ се фатат кога станува збор за штосни и модерни шапки.

Кетрин ги растурила добивајќи 91% од вкупниот број гласови од тие што гласале онлајн. Честитки и од нас за уште едниот моден успех на Кејт!

Write A Comment