ШоуБиз

Кејт Мидлтон во едно посебно издание

На 12 мај, Кејт Мидлтон се појави рака под рака со принцот Вилијам на Ројал Алберт облечена во неверојатна тоалета, со што ги привлече погледите на сите присутни.

Ова беше најголемото модно достигнување на Војводката од Кембриџ, по нејзиното појавување на големата кралска свадба минатата година во април месец.

Жената која е позната по добро изграден стил и секогаш одлично износена облека, овој пат се надмина себе си. Таа се појави во фустан на Jenny Pachham, и во чевли на Jimmy Choo. Нејзината коса овој пат не беше брановидна и слободна, туку прибрана во елегантна пунџа со плетенки.

Напиши коментар