ШоуБиз

Кејт Мос делумно парализирана?!

Супермоделот Кејт Мос не си поминала така романтично како што очекувала дека ќе биде кога ќе ја посети Франција. Посетата и оставила лошо сеќавање кое, како што вели самата ќе ѝ остане уште долго време во сеќавање.

Кога 38-годишната манекенка се разбудила во парискиот хотел Ритз, сфатила дека воопшто не може да ја движи десната рака. За среќа, се работи само за привремена парализа предизвикана од пореметување во нејзиниот нервен систем.

По враќањето во Велика Британија, Кејт побарала мислење уште од еден лекар за да биде сигурна за што навистина се работи. На своите пријатели им се пожалила дека моментално не е во состојба да сработи ништо со раката и дека проблемот може да потрае неколку месеци.

Напиши коментар