ШоуБиз

Кејт Мос е најпопуларна манекенка!

Интернет порталот „PeekYou“ направил листа на најпопуларните светски манекенки, а се раководеле според вестите кои се објавени за одредена манекенка, насловните страници на списанија со нејзиниот лик и интеракцијата со своите фанови по пат на социјалните мрежи.

На прво место се нашла Кејт Мос и тоа благодарение на новинарите кои ја следат во чекор и постојано објавуваат вести за неа и нејзиниот живот.

На второ место се наоѓа Хајди Клум, а на трето е Адријана Лима. Во првите пет манекенки се најдоа уште и Жизел Бундшен и Алесандра Амрозио, а во првите десет се и Кендис Свонпул, Лара Стоун, Наталија Водијанова, Каролин Марфи и Дарија Вербова.

Write A Comment