ШоуБиз

Кејт Мос ужива во глупави емисии?!

Супер моделот Кејт Мос признава дека за време на викендите најмногу ужива да биде со својот сопруг Џејми Хинс и да гледа телевизија во некој локален паб. Според нејзините зборови:

–          Обожавам да отидам во некој паб и да гледам лоша емисија на телевизија. Тоа е тоа што го правиме за време на викендите, обожавам такви програми.

Познатиот модел додава дека понекогаш посакува воопшто да не била позната.

–          Би било убаво некогаш да отидам до продавница без никој да не ме забележи или набљудува. Се обидувам да водам нормален живот и некогаш таквите ситуации се навистина непријатни за мене.

Напиши коментар