ШоуБиз

Кејт Винслет како модел! Ќе ја биде :)

Факт е дека Кејт Винслет нема некоја фигура на модел, но дефинитивно може да стои рамо до рамо со светски познатите модели кога станува збор за фотогеничност.

Оскаровката прозборе за срдечните коментари на нејзините фанови во врска со промоцијата на пролетната колекција на „St. John“. 36-годишната актерка стана заштитно лице на овој бренд во јули, минатата година.

Ако ги погледнете сликите, самите ќе се уверите во сексапилноста и сочноста што ја има врвната актерка.

–          Не мора да сте екстремно слаби или модели за да ја носите оваа облека. Креирана е за жени со облини и одлично стои. Најважен е комфортот. Тоа ми се допаѓа кај парчињата што ги рекламирам, – бил коментарот на Кејт, a многу нејзини фанови изјавиле дека ја носат облеката на овој моден бренд токму затоа што самата Титаник актерка ја рекламира.

Напиши коментар