Кејт Винслет се омажила по трет пат во почетокот на месец декември на тајна церемонија во Њујорк.
Ѕвездата од Титаник склучила брак со својот избраник Нед Рокендрол, а церемонијата била во најтесниот круг пријатели и роднини на парот без карактеристичната помпа и гламур за познатите.
Винслет и Нед Абел Смит како што е вистинското име на нејзиниот нов сопруг се во врска околу година дена. Нед е внук на милјардерот Ричард Брансон.

