← НАЗАД НА БОЗА

Кејти Холмс му ја одзема контролата од рацете на Том! Тие се разведоа

Кејти Холмс му ја одзема контролата од рацете на Том! Тие се разведоа
446 Читања

По пет и пол години брак, холивудскиот пар Том Круз и Кејти Холмс се разведоа. Иницијативата за развод ја потегнала Кејти. Според близок извор на Кејти, таа веќе подолго време размислувала за овој чекор.

“ Таа се претвори во робот. Откако е со Том е многу променета. Не дека не е добра личност, но таа нема живост во себе. За секој чекор кој ќе го превземе бараше дозвола од Том. Тој како да ја поседува”, изјавил изворот.

Нивното богатство е огромно, а сега за сега не се знае на кого колку ќе му припадне.

Ова не е прв пропаднат брак за Том Круз. Актерот бил три години во брак со актерката Роџерс, од 1987 до 1990 година. Потоа следуваше бракот со актерката Никол Кидман, со која се ожени во декември 1990, а се разведоа во 2001 година. За време на снимањето на филмот Vanilla Sky, тој започнал да се забавува со шпанската актерка Пенелопе Круз. Нивната врска траела 3 години. Бракот со Кејт бил склучен во 2006 година.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk