Здраво тело

Кељ – ефтина супер храна

Кељот е здрав и нискокалоричен зеленчук кој е неправедно потценет.

Една од намирниците кои спаѓаат во редот на супер храна е и кељот. Тој е богат со витамини А, Ц и Б6, калциум, железо, калиум, манган, бакар и здрави каротеноиди. Содржи и лутеин и зеаксантин, состојки кои го чуваат здравјето на очите. Овие фитохемикалии помагаат да се заштитат очите од штетното влијание на сонцето и ја спречуваат очната катаракта.

Кељот го подобрува тонусот на кожата и се бори со инфекциите и холестеролот во крвта.

Кељот се препорачува како храна која ќе го спречи појавувањето на рак на желудникот, дебелото црево, јајниците и дојките.

Тој е богат и со антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот, го одржува квалитетот на коските, забите и е одличен за детоксификација.

Напиши коментар