ШоуБиз

Запознајте го дечкото на Kelly Clarkson!

Kelly Clarkson воопшто не се срами да зборува за својата нова врска, а сега имаме шанса да го запознаеме нејзиниот дечко и одблиску.

Се работи за дечкото по име Brandon Blackstock, со кој пејачката се појавила заедно минатата недела во Тенеси на една забава. Тоа било нивно прво официјално појавување во јавност како пар. Brandon има исто така поврзаност со музичкиот свет; Reba McEntire е негов очув.

Двојката е заедно уште од 2011 година, но врската била чувана во тајност се до март, оваа година, кога Kelly изјавила дека новата врска има големо влијание врз песните кои таа моментално ги пишува.

–          Ме убива. Се обидувам да напишам тешка песна, а на крај излегуваат пеперутки и виножита, – била нејзината изјава.

–          Убаво ми е во врската. Сакам живот… Во изминативе пет години си го најдов своето место под сонцето, – додала Clarkson.

Write A Comment