ШоуБиз

Кендис Свенепул е уште една жртва на фотошоп?!

Моделот Кендис Свенепул е последната ‘жртва’ лоша обработк во фотошоп. Ангелот од Јужна Африка рекламира нов градник на Victoria’s Secret, но со фотографијата нешто не е во ред.

Светскиот печат пишува дека за време на изработката на каталогот се занеле во фотошопот, па изгледа како Кендис да има просечна десна града, додека левата  и огромна и необично високо поставена.

“Не побарала, но добила еднострано компјутерско зголемување на градите”, ова е само еден од коментарите.

Споменатата фотографија го рекламира градникот Мulti-way кој им ветува на жените зголемување на градите за два броја, но додека во Victoria’s Secret мислат на двете гради, “експертите” во фотошоп на Кендис и ја зголемиле само едната!

Напиши коментар