Kesha по сѐ изгледа е горда на тоа што го направила пред некој ден на сред улица. Како што возела во својот автомобил, таа заглавила во сообраќајна гужва и не можејќи да издржи, излегла надвор и се измочала на улица.
Наместо да се засрами, таа веднаш на Твитер ставила слика на која се гледа како клечи со панталоните соблечени и најверојатно се моча. Под сликата си напишала:
– Моч, моч на улица. Цајкани ако можете фатете ме. Не сум јас крива, сообраќајот е крив.
Според законот во Калифорнија, ако ја фателе ќе платела казна од 270 долари. Ова не е прв пат Kesha да моча на јавно место. Во 2010 година, таа се измочала во лавабото во една дискотека во Лондон.

