Нова година. Нов албум. Нова фризура. Кој друг ако не палавата Кеша.
Пејачката на хитот „Тик Ток“ за потребите на новиот албум си ја избричила едната половина од главата и сама си поставила слика на Твитер.
– Животни! Само што си ја избричав едната страна од главата! Сакате слика???, – била нејзината порака во средата на нејзиниот официјален блог.
Инаку, Кеша има големи планови за новото СD. Сака комплетно да му се посвети на рокенролот како музички правец. Вели дека нејзината цел е да го прероди рокенролот преку нејзината поп музика.
– Ми треба повеќе време за да се осигурам дека ќе ја измислам поп музиката на еден поинаков начин. Планирам да одам полека со работите. Мај ми изгледа како совршено време за новиот албум, – бил нејзиниот коментар.