ШоуБиз

Кети Пери главна поддршка на Роберт Патинсон

Тие двајца се долгогодишни пријатели. Кога Кети Пери се реши да се разведен од својот сопруг, Роберт беше тука и ја тешеше цело време, а сега изгледа дојде време и таа да го стори истото за него, велат блииските извори на Кети Пери.

Откако Роберт дозна дека неговата три годишна девојка, Кристен Стјуарт го изневерува со месеци е во многу тешка депресија. Тој планираше свадба, а таа се гледала со некој друг.

Овие денови Кети Пери е во постојано друштво на Роберт. Постојано шетаат, одат на шопинг, разговараат…

Роберт побарал од Кристен два месеци да размисли за својата одлука. Тој сеуште не знае дали ќе го прости неверството или тоа ќе биде причина за крај на нивната голема љубов.

Напиши коментар