ШоуБиз

Кети Пери не губи време – си најде нов дечко!

Пејачката Кети Пери е наводно во врска со спортистот Тим Тибоу.

Според британските медиуми, Кети (27) која моментално се разведува од бртинаскиот комичар Расел Бренд, веќе си пронашла нов дечко.

Пејачката наводно се плетка со Тим (24) кој игра американски фудбал, односно рагби. Тим важи за прилично религиозна личност, а веруваме дека тоа ќе им одговара на Пери и на нејзините родители кои се свештеници.

Се зборува дека со разводот Кети ќе изгуби околу 20 милиони долари, бидејќи со Бренд не потпишале предбрачен договор.

Напиши коментар