Актерите Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас наводно очекуваат принова. Двојката била на една роденденска забава пред некој ден, а Кетрин се појавила со прилично заоблен стомак, што веднаш предизвикало гласини и шпекулации.
– Мајкл одлучи да ѝ ја исполни желбата на Кетрин за уште едно дете. Ова бебе е вистинско чудо, а тие двајца се чувствуваат како да им е дадена уште една животна шанса. Мајкл е сепак во поодминати години, а Кетрин сосема оздраве и е навистина среќна, – открил заеднички пријател на парот.
Портпаролот на славниот пар засега нема дадено коментар, а тоа е уште еден мотив медиумите да шпекулираат дека бебето треба да се роди кон крајот на ова лето.
Мајкл е постар од Кетрин цели 25 години и двајцата се родени на 25-ти Септември. Се венчаа во 2000 година и досега имаат две деца.
