ШоуБиз

Khloe Kardashian се откажа од ПЕТА!

Khloe Kardashian одлучила да ги прекине сите свои врски со организацијата за заштита на животните ПЕТА. Таа вели дека нема потреба да ја поддржува организацијата која помина преку инцидентот со брашното врз Kim како тоа да било нешто апсолутно неважно.

Khloe која од секогаш се борела за правата на животните била ужасната кога дознала дека жената која го извршила нападот врз сестра ѝ има врска со ПЕТА.

–          Не само што ја лажат јавноста од ПЕТА, туку потврдија и дека го оправдуваат ова однесување. Јас цврсто стоев позади идеалите на ПЕТА, но и против јавно малтретирање, па ова за мене е големо разочарување,- изјавила разлутената Khloe.

Жената која ја нападна Kim пред некој ден се вика Christina Cho и е еден од главните активисти портив користење на крзно.

Напиши коментар