ШоуБиз

Кич издание на Мадона!

Таа е една од најпопуларните дами на денешницата, но кога е во прашање нејзиниот стил, Мадона никогаш не блескала.

Факт е дека нема некој посебен вкус за мода. Последно се појавила во Лондон, на премиерата на филмот кој го режираше „W.E.“ и модните критичари остро го искоментираа нејзиниот моден промаршај. Црниот фустан е во ред, но „плаштот“, црвените кожни ракавици и попатните детаљи се навистина проблематични.

Инаку, овој филм на Мадона е номиниран за престижната филмска награда „Златен глобус“ и публиката очекува многу од него. Наскоро треба да почне да се прикажува во кината низ целиот свет, па да видиме дали Мадона ќе го поправи впечатокот на останатите премиери. Британците веќе ги разочара.

Напиши коментар