Ова се неколку фотографии од Ким Кардашијан направени за време на подготовките за фото-сесијата за Плејбој. Направени се во 2007 година, а кога ќе ги погледнете ќе имате впечаток како да се направени во деведесетите. Црвен костим со деколте до папокот, направен од латкс, златни обетки… стајлинг кој повеќе одговара на српските турбо фолк пејачки.
Таа ги објави своите фотографии на профилот на Твитер, сакајќи да ги потсети своите фанови на 2007 година, а подобро би било овие фотографии да останат во заборав 🙂


