ШоуБиз

Ким и не е така совршена како што изгледа!

Ралити ѕвездата Ким Кардашијан уживала во сончевото попладне со внукот Мејсон, со кој била во црква но и ги посетила околните дуќани.

Облечена во тесен крем фустан кој го истакнувал нејзиното тело, Ким навистина била прекрасна. Но, сепак објективите кои го следат секој нејзин чекор откриле недостаток: изгледа дека на нозете Ким има многу чудни лузни!

Не се знае дали станува збор за лузни или псоријаза, која веќе и е дијагностицирана на познатата ѕвезда. Всушност, од мама Крис генетски наследила незгодна кожна болест, која се манифестира преку црвени дамки покриени покриени со лушпи.

“Мојата кариера се состои од позирање во костими за капење. Луѓето не го разбираат  медиумскиот пристисок на мене дека морам да изгледам совршено! Кога ќе се здебелам само еден килограм, тоа веднаш се појавува на насловните страни на таблоидите! Замислете што ќе направат од мене кога ќе ги видат овие дамки!”, изјавила своевремено вознемирената Ким.

Write A Comment