ШоуБиз

Ким ја изрежирала понудата за брак!

Крис ѝ предложи брак на Ким Кардашијан на многу романтичен начин. Со рози изпишал „Дали ќе се омажиш за мене?“, а веднаш потоа и понудил дијамантски прстен вреден 2 милиони долари. Сепак, сега излезе на виделина фактот дека сето тоа било исценирано од самата Ким со цел да го сними и да има што да прикаже на своето реално шоу.

Наводно, Крис им кажал на своите блиски пријатели дека Ким му кажала до детаљ како и кога точно да ја побара за жена. Крис сакал да го постави животното прашање во неговиот дом во Минесота, но на крај желбата на Ким била тоа да се случи во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Актот се случил на сред бел ден, со цел во подобро светло да се фати моментот.

–          Ким изгледаше изненадено, но знеше што точно се случува. Беше нашминкана и средена како за во емисија, – додава изворот.

Write A Comment