ШоуБиз

Kim Kardashian си нашла нова жртва!

Еден пластичен хирург од Мексико ја искористил сликата на старлетата Kim Kardashian за да ја изрекламира својата ординација. Тоа воопшто не ѝ се допаднало на Kim…

Поради тој настан славната риалити ѕвезда Kardashian решила да го тужи пластичниот хирург што ја искористил нејзината фотографија без дозвола. На рекламата Kim е облечена во бикини и пишува „Немојте да го загрозите вашето здравје и уванина“.

Докторот Victor Ramirez признал дека не се консултирал со ѕвездата и дека нема нејзин телефон, а Kim веднаш му се јавила на својот адвокат да го истражи случајот. Инаку, Kim во минатото имала неубаво искуство со користењето на ботокс, па еднаш изјави дека добро би размислила пред некогаш да се одлучи за пластична операција.

Напиши коментар