ШоуБиз

Kim не сака жени на турнејата на Kanye!

Старлетата Kim Kardashian е параноична да не нејзиниот дечко Kanye West случајно дојде во искушение да падне во прегратките на некоја друга жена. Поради тој страв, таа им забранила пристап на сите жени позади сцената за време на турнејата на West.

Наводно ова е едно од бројните барања и забрани кои Kim му ги поставила на својот љубовник за претстојната турнеја.

–          Kanye има многу пријателки. Повеќето се стилистки или работат нешто друго поврзано со мода. Kim не сака тие да остануваат насамо со него позади сцената. Раперот е доста чувствителен дечко, па затоа старлетата сака да им стави крај на тие дружења, за да не ѝ биде непријатно, – вели неименуван извор.

Парот наводно веќе размислува за брак.

Напиши коментар