Еден близок извор тврди дека Kim Kardashian и нејзиниот најнов дечко, раперот Kanye West сериозно размислуваат за иднината, а можен е дури и брак.
Иако Kim е сеуште официјално омажена бидејќи бракоразводната парница со Kris Humphries сеуште не е завршена, оваа старлета веќе размислува за нов брак по само кратко време врска со Kanye.
– Дали е ова знак на нејзината преданост кон раперот? Инаку, Kim ќе му се придружи на Kanye ова лето за неговата турнеја низ Германија. Едноставно сака да поминува што е можно повеќе време со него. Тие многу се сакаат, – открива изворот за списанието „Weekly“.