Нова верзија на Вашиот омилен десерт
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Црн крем:
150 грама шеќер
1 децилитар вода
50 грама црно чоколадо
125 грама маргарин
150 грама мелен кекс
150 грама мелени ореви
Бел крем:
125 грама маргарин
2000 грама млеко во прав
200 грама шеќер
0,5 децилитри вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Црн крем
На умерен оган, шеќерот истопете го со вода, додадете го чоколадото и маргаринот, и откако ќе се стопи чоколадото тргнете го кремот од оган и додадете ги мелените ореви и кекс. Плех (големина од 18х28) обложете го со проѕирна фолија и истурете ја смесата.
Бел Крем
На умерен оган ставете го шеќерот во вода и варете додека не добиете густ сируп. За тоа време млекото во прав исмиксирајте го со маргаринот, и постепено додавајте во веќе приготвениот сируп миксирајќи постојано. Кога смесата ќе се соедини ставете ја врз претходно подготвениот црн крем.
Доколку сакате да декорирате, истопете една штангла црно чоколадо испрскајте го белиот крем по целата површина.
Почекајте Киндер бајадерата да се олади и сервирајте
Уживајте!!!
