Мојата кујна

Киндер бајадера

Нова верзија на Вашиот омилен десерт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Црн крем:

150 грама шеќер

1 децилитар вода

50 грама црно чоколадо

125 грама маргарин

150 грама мелен кекс

150 грама мелени ореви

Бел крем:

125 грама маргарин

2000 грама млеко во прав

200 грама шеќер

0,5 децилитри вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Црн крем

На умерен оган, шеќерот истопете го со вода, додадете го чоколадото и маргаринот, и откако ќе се стопи чоколадото тргнете го кремот од оган и додадете ги мелените ореви и кекс. Плех (големина од 18х28) обложете  го со проѕирна фолија и истурете ја смесата.

Бел Крем

На умерен оган ставете го шеќерот во вода и варете додека не добиете густ сируп. За тоа време млекото во прав исмиксирајте го со маргаринот, и постепено додавајте во веќе приготвениот сируп миксирајќи постојано. Кога смесата ќе се соедини ставете ја врз претходно подготвениот црн крем.

Доколку сакате да декорирате, истопете една штангла црно чоколадо испрскајте го белиот крем по целата површина.

Почекајте Киндер бајадерата да се олади и сервирајте

Уживајте!!!

Напиши коментар