По сè изгледа дека Кирстен Данст излезе од периодот на меланхолија и засега одлично ѝ оди врската со новото момче Гарет Хедлунд. Двајцата биле забележани како се бакнуваат и прегрнуваат на филмскиот фестивал „Sundance“.
Парот бил во друштво на некои други познаници и воопшто не се срамеле во јавност да ја покажат љубовта која ја имаат еден за друг. Наздравувале и за најновиот филм на Кирстен со наслов „The Bachelorette“.
Според странските медиуми, Кирстен е со Гарет од изминатите празници, а за Божиќ биле заедно. Гарет бил доста затрескан во Данст, ако им веруваме на нивните блиски извори.