Здраво тело

Киви – витаминска бомба

Кивито е јужно овошје кое го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок, го регулира системот за варење, помага при главоболка и стерс.

Содржи голема количина на витамини и минерали, а особено витамин Ц, А, К и Б како и минералите калиум, магнезиум, фосфор, железо.

Со оглед на високовредните состојки кивите се ефикасни во борбата со бактериите на дишните патишта. Се препорачуваат на оние кои имаат проблеми со холестеролот. Со нивна редовна конзумација нивото на триглицеридите може да се намалат за 15%.

Заради големата количина на витамин Ц се препорачува освен во исхраната да го практикувате и при подготовка на маските за убавина. Со него може лесно да се справите и со целулитот.

При настинка подгответе го овој пијалок кој ќе ви помогне побрзо да закрепнете: излупете и исецкајте едно киви, портокал, морков, јаболка, лимон и банана. Додајте една лажица мед. Изблендирајте го овошјето и додајте малку вода. Се препорачува да се пие наутро.

Напиши коментар