Британската писателка JL Rowling работи на нова книга за јунакот кој ѝ донесе огромно богатство – Хари Потер.
За списанието „Sun“, таа изјавила дека веќе почнала да работи на енциклопедија за Хари Потер и дека сите приходи од продажбата на таа книга ќе одат во хуманитарни цели.
Писателката пред некое време изјави дека приказната за детето волшебник е заокружена и дека ќе нема повеќе продолженија, но кажа и дека можноста за нов роман не е воопшто исклучена.
– Се чувствувам сјајно. Борец сум и се одлучив да им правам добро на луѓето. Оваа енциклопедија е еден од начините да се постигне таа цел, – бил нејзиниот коментар.
