ШоуБиз

Ќе ја крадат ли Тамара Еклстон?

Мартин Пекам, 41, е оптужен бидејќи изнудувал пари од едно од најбогатите семејства во светот, Еклстон.

Мартин е забен техничар кој е разведен и има две деца. Тој телефонски контактирал со семејството Еклстон, од кои барал да му исплатат 900.000 фунти, во спротивно им се заканил дека ќе ја киднапира нивната ќерка Тамара Еклстон.

Но, првиот човек на Формула 1, веднаш го пријавил случајот во полиција, при што Мартин бил приведен. На сослушувањето тој не сакал да зборува ништо, само си го потврдил идентитетот.

Ова не е прв случај некој да се заканува на семејството Еклстон. Веќе двајца седат во притвор и ја чекаат пресудата.

Инаку богатството на Еклстон се проценува на 2,5 милијарди фунти.

Напиши коментар